Преведувачи/толкувачи
Прикажување на … преведувачи/толкувачи
Прикажување на … преведувачи/толкувачи
Помош со резултатите
-
Што е онлајн именикот?
NAATI има јавен онлајн именик на преведувачи и толкувачи кои поседуваат NAATI сертификација. Ова е еден од главните начини на кои заедницата може да пронајде сертифициран преведувач/толкувач со кој ќе соработува.
Резултатите од пребарувањето во именикот прво ги прикажуваат преведувачите/толкувачите со највисок професионален сертификат, а потоа имињата се појавуваат по случаен редослед, така што ниту еден преведувач/толкувач не добива приоритет пред друг.
Преведувачите и толкувачите самите избираат дали нивните податоци ќе бидат прикажани во именикот. NAATI не споделува податоци за контакт на преведувачи/толкувачи кои не се наведени во именикот.
-
Дали треба лично да се видам со преведувач или толкувач?
Многу преведувачи и толкувачи работат од далечина, што значи дека можат да ви помогнат преку телефон или видео повик. Можете да побарате преведувач или толкувач на која било локација.
За некои закажани состаноци, можеби ќе сакате толкувачот да биде со вас лично. Дали ви треба некој лично зависи од вашата ситуација, видот на услугата и колку однапред таа треба да се закаже. Во онлајн именикот на NAATI можете да пребарувате според локација за да најдете толкувачи во вашата близина.
-
Дали ми е потребен поединечен преведувач/толкувач или давател на јазични услуги?
Зависи од вашите потреби. Прочитајте ја нашата статија „Избор помеѓу поединечен преведувач или толкувач и давател на јазични услуги“ за повеќе упатства.
-
Што ако нема преведувачи/толкувачи на мојот јазик?
Доколку нема достапен NAATI сертифициран преведувач/толкувач, можеби има други опции во зависност од јазикот и ситуацијата.
Прочитајте ја нашата статија. „Што да направите кога нема достапни сертифицирани толкувачи или преведувачи“ за практични упатства и следни чекори.