Изберете јазик

Оваа веб-страница ќе се прикаже на јазикот што ќе го изберете.

Разбирање на трошоците за превод и толкување

Категорија Работење со преведувачи и толкувачи Објавени 30 јануари 2026

Не постои единствен одговор на прашањето „Колку ќе чини оваа работа?“. Цената за секоја работа зависи од услугата, искуството на преведувачот или толкувачот и потребите на клиентот. Преведувачите и толкувачите обично одредуваат цени што им овозможуваат да заработат правичен приход, а воедно да обезбедат квалитетна услуга.

Во оваа статија се опишуваат некои од факторите што ќе влијаат на цените. Со разбирање на факторите, можете да направите информиран избор и реално да го планирате буџетот.

Најдобриот начин да ги разберете трошоците е да побарате неколку понуди за да можете да ги споредите цените и она што е вклучено.

Како се одредуваат цените

Преведувачите (translators) и толкувачите (interpreters) обично работат како самостојни професионалци („freelancers“) или се вработени од даватели на јазични услуги (language service providers, LSP). Општо земено, LSP имаат повисоки деловни трошоци, додека самостојните професионалци сами раководат со своите трошоци.

Цените зависат од:

  • видот на услугата, вклучително и колку преведувачи или толкувачи се вклучени
  • сложеноста на предметот, вклучувајќи го и нивото на подготовка или потребно истражување
  • нивото на NAATI сертификација (NAATI certification)
  • обуката и искуството
  • рокови, работа надвор од работното време или надомести за итност
  • трошоците за патување за работа на лице место.

Видови услуги и структури на цени

Различни услуги доаѓаат со различни структури на цените.

  • Преведувачки услуги често се наплаќаат по документ, по страница или по збор, но може да се наплаќаат и по час во зависност од видот на задачата
  • Услуги за толкување може да се наплаќаат по час, половина ден или цел ден. Во цените за толкување, исто така, се земаат предвид времето за подготовка и патувањето.

Цени на преводи

  • Стандардни преводи на документи (како што се изводи од матичната книга на родените или возачки дозволи): Обично се наплаќаат по страница или по документ. Ова можат да бидат целосни преводи или извадоци од само клучни делови.
  • Општи преводи: Обично се наплаќаат по збор, со минимална цена за мали задачи.
  • Специјализирана работа (како што се правни, медицински или литературни текстови): Повисоки цени поради потребната стручност. Може да вклучуваат дополнителни трошоци за гарантирање на квалитетот.
  • Уредување на машински превод: Уредување на машински добиен превод за точност. Преведувачите може да наплаќаат по збор или по час, во зависност од квалитетот на машинскиот превод.

Цени за толкување

  • Услуги за толкување: Се наплаќаат по час, половина ден или цел ден. Цените се разликуваат во зависност од начинот на толкување (консекутивно или симултано, на лице место или на далечина).
  • Конференциско толкување (Conference interpreting) или Auslan толкување: Честопати се потребни двајца толкувачи, особено за подолги задачи.
  • Конференциско толкување: Може да биде потребна специјализирана опрема.
  • Минимално закажување и откажување: Толкувачите честопати имаат минимален износ кој го наплаќаат (на пример, 2-3 часа) дури и за кратки работни задачи. Тие може да наплатат одреден износ ако закажаната задача се откаже во краток рок.

Што да прашате кога барате понуда

За да избегнете изненадување, секогаш потврдете:

  • Која е вкупната цена (вклучувајќи и GST доколку се наплаќа)
  • Како се пресметува цената (по збор, по час, по документ)
  • Кое е очекувано време за завршување
  • Дали трошоците за превод вклучуваат проверка на квалитетот
  • Дали постојат опции за намалување на трошоците (на пример, прилагодување на роковите за завршување на задачата за да се избегнат давачки за итност)

Колку е појасно и подетално вашето барање, толку попрецизна ќе биде понудата.

Дали оваа страница беше корисна?(Required)

Your feedback helps us improve this page. NAATI uses this feedback to improve our website.

If you need a reply, please use our Contact us form.