Сите заслужуваме да бидеме разбрани.
Побарајте NAATI-сертифициран преведувач.
Проблемот
Јасната комуникација е од суштинско значење за безбедна и квалитетна здравствена нега. Таа им помага на луѓето да ја разберат својата здравствена состојба, да донесуваат информирани одлуки и да ја добијат соодветната нега во соодветно време.
Јазичните бариери помеѓу здравствениот работник и пациентот можат да ги направат здравствените услуги збунувачки или небезбедни. Важни информации може погрешно да се разберат или да се пропуштат, а тоа го отежнува поставувањето прашања, следењето медицински совети или чувството на сигурност при донесувањето на одлуки за третман. Ова може да доведе до грешки и неправедни здравствени исходи.
Користењето на членовите на семејството или необучениот двојазичен персонал за толкување може да ги доведе луѓето во опасност. Информациите може да бидат погрешни, личните податоци може да бидат споделени, а чувствителните разговори може да станат тешки или непријатни.
NAATI сертифицираните толкувачи помагаат здравствената нега да биде побезбедна и поинклузивна. Тие поддржуваат јасна, точна и доверлива комуникација помеѓу пациентите и здравствените работници, за да може секој да разбере и да биде разбран.
Сертифицирани толкувачи за правична здравствена нега
„Сите заслужуваме да бидеме разбрани“ е национална кампања на NAATI за подигање на свеста, со која се промовира користење на NAATI сертифицирани толкувачи во здравствената нега. Кампањата ги поттикнува пациентите да побараат толкувач и ги поддржува здравствените служби да ја разберат важноста на сертифицираните толкувачи.
Кампањата ја истакнува улогата на NAATI сертифицираните толкувачи во поддршката на:
- Клиничка безбедност и давање информирана согласност
- Достоинство и автономија на пациентот
- Еднаквост во пристапот до здравствени услуги
Оваа кампања е наменета за:
- Членови на заедницата кои зборуваат малку англиски или воопшто не го зборуваат јазикот
- Возрасни лица со влијание, вклучувајќи членови на семејството и негуватели кои им даваат поддршка на пациентите
- Здравствени работници и давателите на услуги во примарната нега и во заедницата
Кампањата „Сите заслужуваме да бидеме разбрани“, се спроведува преку комуникациски канали на национално ниво и во заедницата, вклучувајќи:
- Рекламирање на јавни простори
- Телевизија и радио
- Дигитални и социјални платформи
- Материјали наменети за заедницата достапни на оваа веб-страница.
Материјалите за кампањата се поткрепени со практични информации за да им помогнат на пациентите и службите да разберат како да пристапат до NAATI сертифицирани толкувачи и професионални јазични услуги.
Campaign TV Commercial (60 secs)
„Сите заслужуваме да бидеме разбрани“ ТВ реклама во соработка со SBS In Language.
ТВ реклама со титлови на
Зошто да работите со NAATI сертифициран толкувач?
NAATI сертификацијата е стандард во заедницата за работа како толкувач во Австралија. Сертификацијата од NAATI значи дека толкувачот:
- има проценети вештини и квалификации
- течно го зборува англиски јазик и неговиот друг јазик
- е обврзан со етички кодекс.
Ангажирањето на NAATI сертифицирани толкувачи помага за безбедно, етичко и висококвалитетно давање здравствени услуги, бидејќи значи дека можете да им верувате дека ќе ја вршат својата работа професионално.
Најдете сертифициран толкувач
Кога ви е потребен толкувач за да ви помогне да пристапите до државна или здравствена служба, можете да побарате од службата да ви организира еден. Кога ќе закажете термин, можете да кажете „Ми треба толкувач“ и да им го кажете вашиот јазик. Можете исто така да побарате толкувач од машки или женски пол, ако така се чувствувате попријатно. Толкувачите обично се бесплатни за пациенти кои пристапуваат до државни или здравствени услуги во Австралија. Ако сакате да најдете приватен толкувач за поддршка на проект или деловен состанок, можете да го најдете преку онлајн именикот на NAATI. Тоа ќе ви овозможи да најдете квалификувани професионалци на различни јазици, локации и видови услуги, вклучувајќи агенции одобрени од NAATI кои нудат јазични услуги.
Погледнете го именикот