Изберете јазик

Оваа веб-страница ќе се прикаже на јазикот што ќе го изберете.

Често поставувани прашања (Frequently Asked Questions)

Филтрирајте по


Често поставувани прашања (Frequently Asked Questions)


Во списокот на јазици се прикажани само јазиците за кои барем еден NAATI сертифициран преведувач/толкувач избрал да биде прикажан во именикот.

Ако не можете да го видите вашиот јазик, тоа може да биде затоа што:

  • Моментално нема преведувачи/толкувачи на тој јазик или
  • Преведувачите/толкувачите на тој јазик избрале нивните податоци да не бидат прикажани во именикот.

Редовно го ажурираме именикот кога преведувачите/толкувачите ќе изберат нивните податоца да бидат прикажани во него.

Јазиците во овој именик се исто така вообичаено наведени со користење на имињата на јазиците по стандардот ISO 639-3. Ова значи дека некои јазици може да се појават под различно, но сродно име.

На пример, свахили (Swahili) може да биде наведен наместо кисвахили (Kiswahili).

Ако не можете да го најдете вашиот јазик, обидете се да пребарувате со користење на:

  • Поопшто име на јазикот
  • Поинаков начин на пишување на јазикот

Ако сè уште не сте сигурни, погледнете го нашиот водич за: „Што да направите кога нема достапни сертифицирани толкувачи или преведувачи“ или контактирајте нè за помош.

Статусот „Потврдено, но со изминат рок“ значи дека преведувачот/толкувачот претходно бил сертифициран од NAATI, но неговата сертификација повеќе не е важечка. NAATI сертификациите мора да се обновуваат на секои три години преку процес наречен ресертификација. Доколку не се ресертифицираат, тие се со изминат рок. NAATI не може да потврди дека преведувач/толкувач чија сертификација е со изминат рок ги исполнува тековните професионални стандарди.

За преводи: Ако преводот е направен од страна на NAATI сертифициран преведувач кој во тоа време имал активна сертификација, тој останува важечки на неодредено време.

Преводите немаат рок на траење. Откако документот ќе биде преведен од NAATI сертифициран преведувач, тој останува важечки на неодредено време. Сепак, некои организации, како што се владини агенции, може да побараат неодамнешен превод или потврда дека содржината не е променета, па затоа секогаш е добра идеја да ги проверите нивните специфични барања.

Некои информации во профилите на преведувачите/толкувачите се изборни и ги внесуваат самите преведувачи/толкувачи. NAATI им овозможува да изберат дали ќе споделат податоци како што се квалификации, услуги или стручни области. Поради ова, информациите не се потврдени од NAATI.

Ако некое поле не е прикажано, тоа едноставно значи дека преведувачот/толкувачот одлучил да не го споделува тој податок. Тоа не значи дека му недостасува обука или стручност во таа област.

Оваа алатка ви овозможува да проверите дали преведувачот или толкувачот моментално е сертифициран од NAATI и да ги видите деталите за неговата сертификација.

Со алатката се потврдува дека преведувачот/толкувачот што планирате да го ангажирате е квалификуван, сертифициран и способен да обезбеди професионални услуги. Или ви овозможува да проверите дали преводот што сте го добиле е изработен од NAATI сертифициран преведувач.

Доколку нема достапен NAATI сертифициран преведувач/толкувач, можеби има други опции во зависност од јазикот и ситуацијата.

Прочитајте ја нашата статија. „Што да се прави кога нема достапни NAATI сертифицирани толкувачи или преведувачи“ за практични упатства и следни чекори.

Зависи од вашите потреби. Прочитајте ја нашата статија „Избор на поединечен преведувач/толкувач или давател на јазични услуги“ за повеќе упатства.

Експертиза во стручната област се однесува на знаењето и искуството на преведувачот/толкувачот во одредена област, како што се правото, медицината, здравството, образованието или услуги во заедницата.

Изборот на преведувач/толкувач со експертиза во стручната област може да помогне да се осигури дека толкувањето или преводот се точни, соодветни и погодни за намената. Наведувањето на експертизата во стручна област во онлајн именикот на NAATI е по избор на преведувачот/толкувачот, а не е потврдено од NAATI. Ако преведувачот/толкувачот нема наведено експертиза во стручна област, тоа не значи дека му недостасува искуство во таа област.

Во некои култури, некој може да се чувствува пријатно само доколку разговара со толкувач од одреден пол. На пример, жена може да претпочита преведувач од женски пол за чувствителни здравствени или правни прашања. Овозможувањето на оваа опција им помага на клиентите да се чувствуваат безбедни и почитувани и гарантира дека комуникацијата е точна.

Прикажувањето на полот во онлајн именикот е по избор на преведувачот/толкувачот.

NAATI има јавен онлајн именик на преведувачи и толкувачи кои поседуваат NAATI сертификација. Ова е еден од главните начини на кои заедницата може да пронајде сертифициран преведувач/толкувач со кој ќе соработува.

Резултатите од пребарувањето во именикот прво ги прикажуваат преведувачите/толкувачите со највисок професионален сертификат, а потоа имињата се појавуваат по случаен редослед, така што ниту еден преведувач/толкувач не добива приоритет пред друг.

Преведувачите и толкувачите самите избираат дали нивните податоци ќе бидат прикажани во именикот. NAATI не споделува податоци за контакт на преведувачи/толкувачи кои не се наведени во именикот.

1-10 of 17 results
Дали оваа страница беше корисна?(Required)

Your feedback helps us improve this page. NAATI uses this feedback to improve our website.

If you need a reply, please use our Contact us form.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.