Изберете јазик

Оваа веб-страница ќе се прикаже на јазикот што ќе го изберете.

Често поставувани прашања (Frequently Asked Questions)

Филтрирајте по


Често поставувани прашања (Frequently Asked Questions)

Преведувачите работат со писмен збор. Тие преведуваат писмени документи од еден јазик на друг.

Толкувачите работат со говорен збор или со знаковни јазици (како што е Auslan). Тие го толкуваат она што секој говорник го кажува или го објаснува со знаковен јазик на јазикот на другата личност.

За повеќе упатства, прочитајте ја нашата статија. „Преведувач наспроти толкувач: Кој ми е потребен?“

NAATI не нуди услуги за толкување или превод; сепак, онлајн именикот на NAATI содржи податоци за контакт на сертифицираните преведувачи и толкувачи кои избрале нивните податоци да бидат наведени. Преведувачите и толкувачите се наведени спрема јазиците.

На национално ниво, неколку клучни организации нудат услуги за толкување на абориџинските јазици и јазиците на Островјаните од Теснецот Торес.

Северна Територија:

Западна Австралија:

Јужна Австралија:

Квинсленд:

Во некои области, независни NAATI сертифицирани толкувачи нудат свои услуги како самостојни вршители на дејност со сопствен деловен број (ABN). Јазичните центри за Абориџините и Островјаните од Теснецот Торес често нудат и преведувачки услуги.

Многу преведувачи и толкувачи работат од далечина, што значи дека можат да ви помогнат преку телефон или видео повик. Можете да побарате преведувач или толкувач на која било локација.

За некои закажани состаноци, можеби ќе сакате толкувачот да биде со вас лично. Дали ви треба некој лично зависи од вашата ситуација, видот на услугата и колку однапред таа треба да се закаже. Во онлајн именикот на NAATI можете да пребарувате според локација за да најдете толкувачи во вашата близина.

NAATI, Национално тело за акредитација на преведувачи и толкувачи, е организацијата одговорна за поставување и одржување на национални стандарди за преведувачи и толкувачи во Австралија.

NAATI сертифицира преведувачи и толкувачи, за да можат владите, бизнисите и заедницата да имаат доверба дека јазичните услуги се точни, професионални и етички.

Што прави NAATI:
NAATI тестира и сертифицира преведувачи и толкувачи. Поставува национални стандарди за преведување и толкување, одржува јавен онлајн именик на сертифицирани преведувачи и толкувачи и обебедува квалитет и професионализам во секторот за јазични услуги.

Што не прави NAATI:
NAATI не нуди услуги за превод или толкување, не вработува преведувачи или толкувачи, не доделува и не закажува работни задачи, ниту пак одредува цени или надоместоци за услугите.

Ако ви е потребен превод на документ или сакате да закажете толкувач, ќе треба директно да контактирате со NAATI сертифициран преведувач/толкувач или давател на јазични услуги.

Сите толкувачи се двојазични, но не сите двојазични лица можат да бидат толкувачи.

  • Толкувачот е двојазично обучено професионално лице со познавање на две култури, обврзано со етички кодекс. Општо прифатен стандард за работа како толкувач во Австралија е NAATI сертификација.
  • Двојазично лице може да зборува два јазика, но нема поминато обука за толкувач и не е обврзано со етички кодекс.

Прочитајте повеќе во нашата статија на тема: Двојазично лице наспроти толкувач: Која е разликата?

Системот за сертификација на NAATI вклучува три професионални сертификати за преведувачи и шест професионални сертификати за толкувачи за говорни јазици. Прочитајте го нашиот водич за да ви помогне да разберете за што служи секој професионален сертификат: Избор на соодветниот професионалец за работата: Преглед на професионалните сертификати (credentials) на NAATI

Ако треба да комуницирате со глуво или наглуво лице, можеби ќе треба да ангажирате NAATI сертифициран Auslan или глув толкувач (Auslan or Deaf interpreter) или преведувач од писмен англиски јазик на Auslan. Прочитајте го нашиот водич овде за Професионални сертификати на NAATI за Auslan и други знаковни јазици.

Преведувачите и толкувачите сертифицирани од NAATI се обврзани со етички кодекс и кодекс на однесување. Ова значи дека може да имате доверба во кој било NAATI сертифициран преведувач или толкувач, слично на довербата што ја имате во лекар или сметководител.

Прочитајте повеќе во нашата статија: Објаснување на етичкиот кодекс

11-17 of 17 results
Дали оваа страница беше корисна?(Required)

Your feedback helps us improve this page. NAATI uses this feedback to improve our website.

If you need a reply, please use our Contact us form.