Изберете јазик

Оваа веб-страница ќе се прикаже на јазикот што ќе го изберете.

Професионален сертификат на NAATI за Auslan и други знаковни јазици

Категорија Ресурси за корисници Објавени 30 јануари 2026

Ако треба да комуницирате со глуво или наглуво лице, можеби ќе треба да ангажирате NAATI сертифициран (NAATI-certified) Auslan (австралиски знаковен јазик) или глув толкувач (interpreter) или преведувач (translator) од писмен англиски јазик на Auslan.

Колку преведувачи да закажете

Должината и сложеноста на вашиот настан, состанок или закажан термин ќе одредат колку толкувачи треба да закажете.

За состаноци со едно лице во траење од еден час (како што се консултација со лекар или родителски состаноци со наставници), обично е доволен еден толкувач. Меѓутоа, за ангажмани што вклучуваат повеќе од двајца учесници (како што се состаноци на работното место, вебинари или презентации на конференции), можеби ќе треба да закажете двајца толкувачи. Закажувањето двајца толкувачи го олеснува текот на комуникацијата и им овозможува на толкувачите да работат наизменично и да прават потребни паузи.

Избор на соодветна сертификација (certification)

NAATI доделува неколку различни сертификации за преведувачи и толкувачи кои ја поддржуваат комуникацијата со глуви или наглуви лица. Важно е да закажете преведувач или толкувач кој поседува соодветента сертификација за вашата ситуација и потреби за комуникација.

За да се здобијат со NAATI сертификација, преведувачите и толкувачите мора да исполнат различни предуслови пред да полагаат тест за сертификација. За секој професионален сертификат (credential) постојат одредени предуслови (на пример, потребно е различно ниво на обука), но сите вклучуваат:

  • Формална обука за преведување или толкување
  • Познавање на јазикот
  • Етичка компетентност: Познавање и разбирање на релевантниот Етички кодекс со кој се обврзани сите сертифицирани преведувачи и толкувачи.
  • Меѓукултурна компетентност: Знаење и вештини потребни за работа меѓу културите во австралиски услови.

Признати толкувачи во активна дејност (Recognised Practising Interpreters) работат со знаковни јазици за кои нема голема побарувачка (како што се новозеландскиот знаковен јазик и толкување од страна на глуви толкувачи помеѓу американскиот знаковен јазик и Auslan) за кои NAATI не нуди тестирање. Нивните вештини не се тестирани од страна на NAATI, но ги исполнуваат минималните барања за обука и имаат неодамнешно, редовно искуство во толкување

Сертифицирани толкувачи на почетно ниво (Certified Provisional Interpreters) се толкувачи чии вештини за толкување се тестирани за општи, несложени разговори, обично помеѓу две лица. На пример, тие може да толкуваат на закажани прегледи кај матичен лекар (GP), тестови за возење, родителски состаноци со наставници, настани во заедницата и закажани термини за социјални услуги. Изразот „почетно ниво“ (‘provisional) се користи бидејќи NAATI не го оценил поширокиот опсег на вештини за толкување што се тестираат на ниво на сертифициран толкувач.

Задачи оценети од NAATI
  • Толкување на разговори лице в лице (или преку видео) помеѓу англискиот јазик и Auslan, со помош на учесници кои играат улоги
  • Толкување монолог на Auslan (симултано толкување)

Сертифицирани толкувачи (Certified Interpreters) може да вршат сложено толкување во повеќето ситуации, вклучувајќи во областа на здравството и правото. На пример, тие можат да толкуваат на закажани специјалистички медицински прегледи, универзитетски предавања, деловни состаноци и закажани термини во врска со правни прашања.

Задачи оценети од NAATI
  • Толкување на разговори меѓу две лица
  • Толкување на документи напишани на англиски јазик на Auslan во реално време (sight translation)
  • Толкување на монолози (симултано толкување)

ертифицираните специјализирани здравствени толкувачи (Certified Specialist Health Interpreters) се искусни и стручни толкувачи кои се експерти за толкување во областа на здравството. Тие имаат положено тест за медицинско знаење што опфаќа општи медицински познавања и знаење за улогата на толкувачите во здравството. Исто така, имаат положено тест за толкување кој ја проценува нивната способност да толкуваат комуникација меѓу експерти (како на пример кога лекар разговара со друг здравствен работник за пациент) и да толкуваат во областа на менталното здравје.

Тие работеле како сертифицирани толкувачи и добиле специјализирана обука пред да напредуваат на ова ниво.

Задачи оценети од NAATI
  • Тест за знаење од областа на здравството
  • Толкување монолози, вклучително и во врска со менталното здравје (симултано толкување)
  • Толкување на еднојазична размена (симултано толкување на повеќе говорници кои зборуваат англиски јазик во сложена ситуација)

Сертифицирани специјализирани правни толкувачи (Certified Specialist Legal Interpreters) се искусни и искусни толкувачи кои се експерти за толкување во областа на правото. Тие имаат положено тест за познавање на правото што опфаќа општо познавање на правото и знаење за улогата на толкувачите во областа на правото. Исто така, положиле тест за толкување кој ја проценува нивната способност за толкување на комуникација меѓу експерти (како што се разговори меѓу судија и адвокати) и вкрстено испитување на сведоци во судница.

Тие работеле како сертифицирани толкувачи и добиле специјализирана обука пред да напредуваат на ова ниво.

Задачи оценети од NAATI
  • Тест за знаење од областа на правото
  • Задача со извадоци од дијалог (консекутивно или симултано толкување на сценарио за симулирано вкрстено испитување на сведок)
  • Толкување на монолози (симултано толкување)
  • Толкување на еднојазична размена (симултано толкување на повеќе говорници кои зборуваат англиски јазик во сложена ситуација)

Сертифицирани конференциски толкувачи (Certified Conference Interpreters) работат во конференциски средини на високо ниво. На пример, тие може да толкуваат конференциски труд презентиран од глув академик на англиски јазик или да толкуваат конференциски труд презентиран од истражувач кој зборува англиски јазик на Auslan. Нивните професионални сертификати се издадени за една јазична насока (на пример, од Auslan на англиски јазик или од англиски јазик на Auslan), иако некои толкувачи поседуваат сертификати за повеќе јазични комбинации.

Задачи оценети од NAATI
  • Толкување монолози (симултано толкување) на видени и невидени говори

Признатите толкувачи во активна дејност за глувослепи лица (Recognised Practising Deafblind Interpreters) помагаат во комуникацијата со лица кои се глувослепи. Покрај говорните информации или информациите преку знаковен јазик, тие пренесуваат визуелни информации, како што се описи на околината, изрази на лицето или реакции. Толкувачите за глувослепи лица користат низа техники на комуникација, вклучувајќи тактилен знаковен јазик, толкување на блиско растојание, знаковно толкување во рамките на видното поле, толкување на букви со прсти и социјална хаптичка комуникација (преку допир).

Признатите толкувачи во активна дејност за глувослепи лица се толкувачи чии вештини за толкување не се директно тестирани од NAATI, но ги исполнуваат минималните барања за обука, имаат неодамнешно, редовно искуство во толкувањето и поседуваат NAATI сертификат за Auslan или за глув толкувач.

Сертифицирани глуви толкувачи на почетно ниво (Certified Provisional Deaf Interpreters) се глуви толкувачи кои имаат напредни вештини за визуелно-гестикуларна комуникација. Глувите толкувачи работат заедно со Auslan толкувачи (кои слушаат) за да обезбедат достапност за глуви лица кои не го владеат течно јазикот Auslan.

На глуво лице може да му биде потребен глув толкувач ако:

  • има сетилна или когнитивна попреченост
  • неодамна се доселило во Австралија и комуницира со знаковен јазик различен од Auslan
  • има ограничено познавање на стандардниот (конвенционален) Auslan
Задачи оценети од NAATI
  • Толкување дијалози (консекутивно и симултано толкување)
  • Усно толкување на документи на лице место од писмен англиски јазик на Auslan и од писмен англиски јазик на неконвенционален знаковен јазик (Non-Conventional Sign Language)

Признати преведувачи во активна дејност (од писмен англиски јазик на Auslan) преведуваат англиски изворни документи или видеа на Auslan. Нивните вештини не се тестирани од NAATI, но ги исполнуваат минималните барања за обука и имаат неодамнешно, редовно искуство во толкувањето.

Дознајте повеќе за системот за сертификација (Certification System) на веб-страницата на NAATI

Дали оваа страница беше корисна?(Required)

Your feedback helps us improve this page. NAATI uses this feedback to improve our website.

If you need a reply, please use our Contact us form.