Здравствен постер-ресурс
„ Сите заслужуваме да бидеме разбрани “ е национална кампања за подигање на свеста за виталната улога на NAATI-сертифицираните толкувачи, особено во здравствените установи. Кампањата ги поттикнува пациентите да побараат професионален толкувач, наместо пријатели или семејство, и ги поддржува здравствените служби да ја препознаат вредноста од ангажирање на сертифицирани толкувачи како дел од нивната должност за грижа.
Прочитајте повеќе за кампањата тука
Како да го користите овој постер

Овој постер може да се постави во чекалните на ординациите на матичните лекари или болниците кои нудат бесплатни услуги за толкување за да се поттикнат пациентите да побараат толкувач. Изработен од NAATI во соработка со LanguageLoop и AUSIT , овој постер помага да се подигне свеста за етичкиот кодекс и кодексот за однесување со кои се обврзани сертифицираните толкувачи и ги уверува пациентите дека услугите за толкување се доверливи и професионални.
Јасната комуникација помеѓу пациентите и здравствените работници е од суштинско значење за безбедноста, информираното донесување одлуки и квалитетната грижа.
*Достапна е и верзија на овој постер без ознаката „Бесплатно е“, на јазиците наведени подолу. За да побарате примерок, контактирајте со communications@naati.com.au.