Ресурси и преземање
Подготовка за закажан термин или состанок со толкувач
Добрата подготовка помага закажаните термините со толкувач (interpreter) да се одвиваат непречено. Со планирање однапред и обезбедување на точни информации на вашиот толкувач, можете да избегнете недоразбирања, да заштедите време и да создадете професионална средина за сите.
Често поставувани прашања
Зависи од вашите потреби. Прочитајте ја нашата статија „Избор на поединечен преведувач/толкувач или давател на јазични услуги“ за повеќе упатства.
Многу преведувачи и толкувачи работат од далечина, што значи дека можат да ви помогнат преку телефон или видео повик. Можете да побарате преведувач или толкувач на која било локација.
За некои закажани состаноци, можеби ќе сакате толкувачот да биде со вас лично. Дали ви треба некој лично зависи од вашата ситуација, видот на услугата и колку однапред таа треба да се закаже. Во онлајн именикот на NAATI можете да пребарувате според локација за да најдете толкувачи во вашата близина.
Доколку нема достапен NAATI сертифициран преведувач/толкувач, можеби има други опции во зависност од јазикот и ситуацијата.
Прочитајте ја нашата статија. „Што да се прави кога нема достапни NAATI сертифицирани толкувачи или преведувачи“ за практични упатства и следни чекори.